Леонида Гичевска потпиша за француски Безансон

168

Македонската ракометна репрезентативка Леонида Гичевска кариерата ја продолжува во француски Безансон. Таа доаѓа во францускиот шампионат од екипата на Локомотива Загреб, со која настапуваше и во Лигата на шампионите.

24-годишната репрезентативка има искуство во Франција, затоа што настапуваше за некогашните состави на Самбре-Авесноа и Ле Пузин.

„Навистина сум среќна што пристигнав во Безансон. Тоа е клуб со долга и убава историја! Мислам дека Безансон е клуб со големи цели. Од моја страна, големо задоволство е да играм за Безансон и да му помогнам на тимот најдобро што можам. Едвај чекам да ја започнам авантурата“, изјавила нашата репрезентативка.

Безансон моментно е на 7. место во француската елитна конкуренција.

ПретходноЧервар: Претседателот ме смени затоа што мислеше дека сум опасност за него!
СледноНавивачите на Реал можат да здивнат, повредата на Бензема не е сериозна