МОК „удри“ по АМС и Наумче Мојсоски

471

Откако по денешната седница на Државната Комисија за спречување на корупцијата излезе одлуката да се достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови со свое соопштение излезе и Македонскиот Олимписки Комитет.

МОК отворено се оградува од постапките и дејствијата, односно работењето на Агенцијата за Млади и Спорт на чело со директорот Наумче Мојсоски, и бара случајот да се истражи до крај односно да има правна завршница.

Соопштението како што објави самиот МОК е веќе испратено до надлежните институции поточно до владата на Република Македонија, а и јавноста го има целосно на располагање.

ПретходноРаботнички рутински против Охрид
СледноГостивар минимално загуби од Металист