Во Германија и тоа како се сака ракометот. Оваа земја ја има и најсилната домашна Бундес-лига, но и секогаш добри репрезентации и секако играчи. Следното Европско првенство е во 2024 година, а токму оваа земја ќе биде домаќин.
Првиот меч на домашната селекција е речиси распродаден. Истиот ќе се игра на стадионот „Дизелдорф“, а до сега се продаде 40.000 карти, остануваат во слободна продажба уште 10.000.