Тимот на Брегалница веќе неколку дена се наоѓа на подотовки во Охрид, каде што веќе и одигра три мечеви.
Тренерот Горан Здравков сакајќи да ја разбие монотонијата на тренинзите, денеска даде за задача да се одигра партија кошарка.
Резултатот не го знаеме но очигледно дека главен баскет играч во Брегалница е голманот Давид Денковски со неговите два метри. Што се однесува пак до техниката тука доминира Марјан Алтипармаковски кому дриблингот никогаш и не му бил проблем.