Фудбалската федерација на Македонија оваа година прославува јубилеј – 20 години од постоењето и имплементирањето на клупскиот лиценцен систем од страна на Фудбалската федерација на Македонија.
За таа цел, во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, во организација на УЕФА и Фудбалската Федерација на Македонија е одржана меѓународна работилница поврзана со UEFA клупскиот лиценцен систем на кој учество земаа 23 држави од Европа.
На истиот беа присутни сите лиценцни менаџери заедно со нивните тимови на експерти на кои разменија искуства и најдобри пракси поврзани со клупскиот лиценцен систем во нивните земји.
На работилницата беша презентиран клупскиот лиценцен систем во Македонија од страна на Генералниот секретар Филип Поповски, а додека техничкиот директор Зоран Стратев презентираше за работата на Фудбалската федерација на Македонија во насока на развојот на младинскиот фудбал и работата на фудбалските академии.
На покана на ФФМ, беше направена и презентација од страна на ФК Работнички, преку Генералниот секретар Ненад Монев, за нивната работа со млади категории и стратегијата за општествена одговорност. Имено, ФК Работнички е единствениот клуб кој учествува во сите лиценцни процеси во изминатите 20 години, започнувајќи од 2003 година.