По серијата заминувања и конечниот старт на подготовките со задоцнување од речиси три недели, тимот на Вардар денеска го промовираше и првото засилување зимава.
Се работи за Дарко Размоски, досегашниот играч на Охрид, а играше и за младинскиот погон на Академија Пандев, Беласица, а потоа и за Пелистер.
Има 23 години и е по вокација лев страничен напаѓач.
Потпипан е договор до крајот на сезоната.