До крајот на сезоната во АБА-лига остануваат уште девет кола, а МЗТ Скопје ќе мора максимално да ги искористи сите, доколку саката да остане во ова друштво. Актуелниот македонски првак покажа слабост против Дерби на гости во минатото коло, а шанса за поправен ќе има веќе утре против Олимија на домашен терен.
Ова е уште еден тежок противник, но Војдан Стојановски не ја губи вербата, напротив уверува дека неговиот тим има сили да победи против сите тимови до крајот на сезоната и секако да остане во АБА-лига.
„Играме против еден од најдобрите тимови во АБА, кој игра добро и во Еврокупот. Се надевам на добар натпревар во кој ќе прикажеме борбена игра со многу енергија, ќе дојдеме до триумф со кој ќе ги израдуваме нашите навивачи. Според мене, МЗТ Скопје може да ги совлада сите противници во АБА до крајот на сезоната, што ќе значи остварување на зацртаната цел – опстанок“, изјави Војдан Стојановски.
Мечот е закажан со почеток во 17 часот.