Конечно: И Роналдо постигна гол за Ал Наср, ама од пенал! (ВИДЕО)

288

Конечно, и тоа во третиот официјален меч за Ал Наср, Кристијано Роналдо го постигна својот прв гол и тоа од пенал. Се играше 90+3 минута на средбата Ал Фатех, а резултатот беше 2:1 за домашниот состав. И тогаш, беше покажан пенал за Ал Наср а Кристијано го претвори ударот од белата точка во гол за 2:2, за избегнување на поразот.

А се беше подготвено за нова катастрофа и очајниот настап на Роналдо за Ал Наср, но ете, Португалецот кој е платен 200 милиони евра по сезона, сепак колку толку се “извади“. Му донесе на својот тим бод на гостувањето а тој го постигна својот деби гол.

ПретходноОзил „исчезнал“ по натпревар, не се појавил на тренинг, па ги шокираше сите со својата одлука!
СледноПо Раул, ПСЖ го продолжи договорот и со Карабатиќ!