Марио Станковски (23), некогашниот напаѓач на Работнички и некогашен капитен на тимот од Градски парк, од денеска и официјално ја стартува својата интернационална кариера. Имено тој веќе е член на НК Триглав Крањ, клуб од Словенија кој се натпреварува во Втората лига во таа земја.
Ова за Марио ќе биде прв интернацинален предизвик, а досега покрај Работнички, повозрасниот од браќата Станковски играше и за Борец, Тетекс, Тиквеш, Гостивар, Саса.
Како што е познато, неговиот помал брат Лука Станковски настапува за турскиот суперлигаш Газијантеп.