Откако по денешната седница на Државната Комисија за спречување на корупцијата излезе одлуката да се достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови со свое соопштение излезе и Македонскиот Олимписки Комитет.
МОК отворено се оградува од постапките и дејствијата, односно работењето на Агенцијата за Млади и Спорт на чело со директорот Наумче Мојсоски, и бара случајот да се истражи до крај односно да има правна завршница.
Соопштението како што објави самиот МОК е веќе испратено до надлежните институции поточно до владата на Република Македонија, а и јавноста го има целосно на располагање.