Со натпреварите од Купот на ОФМ, стартуваше вториот дел од одбојкарската сезона. Во машка конкуренција се одигра еден од двата планирани мечеви од осминафиналето, каде учество имаа екипите пласирани од 8-то до 11-то место во есенскиот дел од шампионатот.
Одбојкарите на Универзитет во Тетово со максимални 3:0 беа подобри од екипата на Македонија Џио, додека вториот планиран меч меѓу Петровец и Сушево е презакажан за в сабота.
Кај дамите, се одигра еден меч во претколото за место во осминафиналето. Младите одбојкарки на Фламинго Волеј со максимални 3:0 славеа над Куманово.
МАЖИ: Претколо за четвртфинале
Универзитет во Тетово – Македонија Џио 3:0 (25:18, 25:14, 25:18)
Петровец – Сушево (сабота)
ЖЕНИ: Претколо за осминафинале
Фламинго волеј – Куманово 3:0 (25:7, 25:10, 25:19)
ТЕ волеј – Универзитет во Тетово (0:3 – службен резултат)