Работнички без публика еден меч – плус парична казна за навреди кон КФСМ!

199

Работнички, следниот домашен меч во Првата лига ќе го игра без публика. Покрај поразот од Пелистер, втор во низа, најтрофејниот кошаркарски колектив поради влагање на неслужбени лица на теренот, доби суспензија од еден меч без поддршка од трибините, како и парична казна од 16.000 денари, но само за ова „дело“.

За навреда, поточно неспортско навивање кон КФСМ, овој тим ќе плати дополнителни 10.000 денари и уште 4.000 денари за слаба редарска служба.

Овој меч, Работнички го чини 30.000 денари, тука на оваа сума ако се додаде техничката грешка на Форте од 3.200, тогаш сумата е 33.200 денари.

ПретходноШтипјани од фудбал се префрлија на кошарка (ФОТО)
СледноКлоп: Не можам да коментирам за трансферите на Челзи без мојот адвокат