Не не шега, туку македонскиот интернационалец и репрезентативец Бојан Миовски повторно брилијира во дресот на Абердин. Предмалку во триумфот над МАдервел со 3:1, Миовски погоди на два пати и речиси сам ја донесе победата.
Штипјанецот игра во фантастична форма. Постигна веќе 14 гола во овогодинешниот шампионат, а до јуни којзнае уште колку пати ќе се запише во листата на стрелците.
Дук ги донесе домашните во водство, а Миовски за пет минути во 64. односно 69. зголеми на 3:0 по што се беше готово.
Ако до сега Миовски имаше сериозни понуди на лето да ги смени клупските бои, тогаш сега станува и повеќе од јасно дека Абердин сериозно ќе заработи на лето од неговиот трансфер.