Сасуоло ја забележа втората победа по ред над силна екипа во Серија А откако минатата недела го демолираа Милан со 5:2 на „Сан Сиро“, а вечерва на „Мапеј“ стадионот славеа над Аталанта со 1:0. Херој на мечот беше Арман Лориен кој го постигна единствениот гол.
По овој успех Сасуоло се оддалечи на 10 бода од опасната зона, а моментално е на 15-тото место со 23 бода. Аталанта е на петтото место со 38 бода, колку што имаат и четвртиот Лацио и петтиот Милан.
Мечот тргна поволно за Сасуоло затоа што на средината на првото полувреме имаа играч повеќе. Беше исклучен Јоаким Меле од Аталанта по што домашните имаа полесна задача. Но тоа не беше се. Освен што Сасуоло победи кај Аталанта црвен картон доби и Луис Муриел поради неспортско однесување.
Тие двајца ќе ги нема на теренот на следниот меч на Аталанта, на гости кај Лацио.
Untitled
Video Untitled was uploaded to Streamin.me on Feb 05, 2023.