Матеј Цветаноски и официјално во Академија Пандев

292

Екс македонскиот младински репрезентативец Матеј Цветаноски и официјално е нов член на екипата на Академија Пандев.

Повратникот од странство, му се приклучува на прволигашот од Струмица откако зимава не успеа да обезбеди нов трансфер надвор од нашиот фудбал па одлучи до лето да и помогне на Академија Пандев.

Се работи за релативно млад но доста искусен напаѓач, кој по игрите во Унгарија односно Албанија се врака во мак фудбалот каде што последно беше дел од екипата на Шкупи, и каде што се профилираше како еден од најдобрите крилни играчи во ПМФЛ шампионатот.

 

ПретходноПризнание од Олимпија: Честитки до МЗТ, заслужена победа!
СледноТФТ го демолираше Гостивар, лесни бодови за Еуро Никел и Кожув!