Признание од Олимпија: Честитки до МЗТ, заслужена победа!

162

Олимпија се враќа со празни раце од Скопје. Овој тим кој е далеку посилен од актуелниот македонски првак беше совладан со 79-74 во рамките на 18. коло во АБА-лига.

Тренерот на гостинскиот состав беше краток по мечот, но го призна поразот.

„Залужено победа за МЗТ Скопје. Ние одигравме без енергија, без самодоверба, не дојдовме со неколку играчи. МЗТ Скопје има нов, променет тим, им посакувам се најдобро во иднина“, изјави тренерот на Олимпија по мечот“, изјави Јурица Големац. 

МЗТ Скопје и натаму е последен на табелата, но со оваа победа шансите да остане во АБА-лигата се зголемија.

ПретходноНиколиќ: Испразнет сум емотивно! Победа заслуживме и порано, знаете за што зборувам!
СледноМатеј Цветаноски и официјално во Академија Пандев