Селта победник во голеадата со Бетис

64

Многу возбуда, шанси, пресврти, седум гола и победа на Селта (3:4) на гостувањето кај Бетис во 20.коло на Ла Лига.

Четири гола паднаа во првото полувреме, Селта поведе преку погодокот на Ларсен уште во 6. минута, па домашните свртија со головите на Хуанми и на Каналес. Сепак до крајот на првото полувреме изедначи Веига.

Само што почна второто полувреме Веигра зголеми на 2:3 за Селта, по него погоди и Аидо за 2:4, па во 84 минута намали Набил Фекир од пенал. Во финишот поради удар со лакт директен црвен картон доби Луис Фелипе па Бетис остана и со играч помалку.

На крајот бодовите ги однесе Селта. За Селта ова е шеста победа сезонава, а втора по ред. Бетис го впиша седмиот пораз или втор по ред. Селта е на 11. позиција, а Бетис на 6-тата.

ПретходноЛет на Сасуоло – го демолираа Милан, сега ја суредија и Аталанта (видео)
СледноКаземиро првпат доби директен црвен картон – фати за врат противнички играч