Хаос во НБА-лига: Играчи се испотепаа на терен, летаа „боксови“ (ВИДЕО)

3287

Хаос за време на дуелот меѓу Орландо и Минесота. Дојде до физичка пресметка меѓу Остин Риверс и Мо Бамба. После шутот за три поени и промашувањето на Риверс, Бамба дофрли нешто од клупа и настана вистински хаос.

Заиграа и боксови, Риверс го удри Бамба, па се вмешаа играчите и дојде до вистински хаос. На теренот се вмешаа играчите од клупа и судиите, на кои пак им беше потребно многу време за да ја расчистат целата ситуација. На крајот дури петмина кошаркари беа испратени во соблекувалната. Покрај двајцата иницијатори, МекДаниелс, Сагс и Принс.

„Му пријдов и го прашав што прави, во тие моменти работите можеа да одат во два правици, не мислев дека ќе дојде до тепачка. Сепак кога ќе станеш од клупа толку брзо и ја подигнеш така..Се обиде да ме удри, на голема среќа ме промаши, но морав да се заштитам“, порача Риверс по мечот.

Овој меч заврши со победа на Орландо од 120-127, но резултатот на крајот беше во заден план.

Резултати: Детроит – Шарлот 118-112, Индијана – Сакраменто 107-104, Вашингтон – Портланд 116-124, Бостон – Феникс 94-106, Хјустон – Торонто 111-117, Минесота – Орландо 120-127, Сан Антонио – Филаделфија 125-137, Јута – Атланта 108-115.

ПретходноМеси за СП во 2026: Се чини дека е далеку, но ако бидам подготвен…
СледноФИФА им го сврте грбот: Барселона задоцни 18 секунди и остана без засилување!