Блескаво издание на лидерот: Струга ТЛ со 3:0 го “уништи“ Петрокуб, еврогол на Кочоски!

400

Супер издание на есенскиот шамшион во ПМФЛ, тимот на Струга Трим Лум денеска во Анталија против Петрокуб, еден од најдобрите клубови во Молдавија. Стружани славеа со 3:0,одиграа маестрално според извештаите од Анталија, а треба да се каже дека Кочоски постигнал фантастичен еврогол. Останатите два стрелци за тимот на стратегот Срѓан Захариевски биле Укпа и Јахја.

Ова било убедливо најдоброто издание на Струга ТЛ и не само на подготовките во Анталија туку воопшто во текот на целиот тек од зимските подготовки.

И на овој меч Захариевски им дал шанса на повеќе свои играчи.

Инаку да кажеме дека Петрокуб е тимот кој во летото 2021 го елиминираше Силекс во првото коло во квалификациите во Лигата на Конференции.

ПретходноЊукасл пред неколку дена го купи за 45 милиони евра, сега му се заканува затвор!
СледноЛече како гостин со три бода кај “фенерџијата“! (ВИДЕО)