Бојан момче ти си ЦАР…. Миовски двоен стрелец за Абердин и нова победа (ВИДЕО)

3615

Не не шега, туку македонскиот интернационалец и репрезентативец Бојан Миовски повторно брилијира во дресот на Абердин. Предмалку во триумфот над МАдервел со 3:1, Миовски погоди на два пати и речиси сам ја донесе победата.

Штипјанецот игра во фантастична форма. Постигна веќе 14 гола во овогодинешниот шампионат, а до јуни којзнае уште колку пати ќе се запише во листата на стрелците.

Дук ги донесе домашните во водство, а Миовски за пет минути во 64. односно 69. зголеми на 3:0 по што се беше готово.

Ако до сега Миовски имаше сериозни понуди на лето да ги смени клупските бои, тогаш сега станува и повеќе од јасно дека Абердин сериозно ќе заработи на лето од неговиот трансфер.

ПретходноУнион Берлин пак на врвот, Борусија го „измести“ Фрајбург (ВИДЕО)
СледноЈунајтед минимално против Кристал Палас, Вулверхемптон си поигруваше со Ливерпул (ВИДЕО)