Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг е интересен за неколку тимови откако побара трејд.
Оваа информација дојде како гром од ведро небо во овој момент, бидејќи има многу малку време да се направи договор, но Нетси дефинитивно не сакаат незадоволна ѕвезда во нивниот список, па затоа ќе се обидат да го постигнат најдобриот договор.
Опциите што ги има Ирвинг се Лос Анџелес Лејкерс, тим чиј интерес датира од порано, а тука се и Далас Маверикс и Феникс Санс.
Во „градот на ангелите“ би било повторно обединување со добриот пријател Леброн Џејмс, што е поверојатна дестинација, но во комбинација влегуваат и Маверикс. Заедно со Лука Дончиќ би го направиле тимот од Тексас многу поконкурентен, нешто што Словенецот им порачал на раководството.