Во првиот меч од саботната програма од 20.коло во Ла Лига, попладнево во Барселона, домашниот Еспањол и Осасуна одиграа без победник, 1:1. Во не толку квалитетен меч, гостите прекку Будимир во 45.минута дојдоа во водство од 0:1. Во 59.минута Брајтвајт израмни на 1:1 и со тоа го постави конечниот резултат.
Да кажеме дека и Еспањол и Осасуна мечот го завршија со играч помалку зошто исклучено беа Пјер – Габриел кај домашните и Езалзоули кај гостите.