Калин запрен во полуфиналето на ИТФ Фјучерсот во Тунис

113

Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот во Монастир. Во полуфиналето против Италијанецот Јанаконе, Ивановски загуби во два сета (6:2, 6:4) иако почна солидно до 2:2 во гејмови, но откако го загуби првиот гејм на свој сервис, Италијанецот стигна експресно до 6:2.

Во вториот сет Јанаконе, кој беше седми носител, продолжи одлично. Успеа брзо да направи предност од 5:2, по што следуваа два гејма во полза на нашиот тенисер, но тоа не беше доволно за кам-бек. Јанаконе се избори за гејм на свој сервис и успеа да го затвори мечот со 6:4.

Ивановски минатата недела на истата локација беше поразен во финалето.

ПретходноДончиќ и Каjри – пеколна комбинација!
СледноВо чест на Миха: Ц. Звезда и Војводина денеска со специјални дресови (ФОТО)