Лансирана е новата кампања „Коригирај го интернетот“ чија цел е да ги исправи неправдите и преку попрецизно информирање и подобро известување да го стави женскиот спорт на еднаква основа со машкиот спорт. Поранешната легендарна американска тенисерка Били Џин Кинг го искористи тоа за да го нападне Новак Ѓоковиќ.
Легендарната тенисерка која во кариерата освои 12 Гренд слем титули, објави слика на која потенцира дека Ноле не го држи рекордот по бројот на недели на врвот на АТП листата и дека тој е во сопственост на Штефи Граф. Легендарната германска тенисерика беше прва на ВТА листата цели 377 недели, додека Новак беше прв на АТП листата 375 недели.
„Мојата нова омилена кампања: „Коригирај го интернетот“. Тоа е глобална иницијатива започната за да се исправат неправдите и да се направат повидливи жените во спортот. Кога барате „кој поминал најмногу време во тенис на прво место“, обично се појавува Новак Ѓоковиќ, но фактите велат дека тоа е Штефи Граф“, напиша американската тенисерка.
Таа и самата своевремено беше првопласирана во женскиот тенис, но сепак мораше да признае дека и тој рекорд ќе падне. Новак веќе во понеделник ја започнува 376-та недела на врвот на АТП листата, а потоа ќе стигне и ќе ја престигне поранешната германска тенисерка.