Мицовиќ пред дуелот со Олимпија: МЗТ може многу и дома но и на гости

142

За нешто помалку од два часа, тимот на МЗТ Скопје Аеродром ќе го одигра новиот меч од АБА лигата сезонава против тимот на Цедевита Олимпија на домашен терен. Уште еден меч кој за нашиот претставник во ова натпреварување, може да биде пресвртница во резултатите, затоа што МЗТ Скопје Аеродром на повеќе наврати покажа дека може да се носи со речиси сите екипи и дека понекогаш само слабата концентрација во клучните моменти, и можеби немањето среќа однесе неколку победи во неповрат.

„Ја сум убеден дека можеме и тоа го покажавме на повеќе наврати. Освен оние две победи кои ги имаме на нашето конто, сметам, убеден сум дека можевме да имаме уште неколку. Па само сетете се на мечевите против, Цибона, Игокеа, ФМП. Мечеви кои ги загубивме, а со играта, енергијата пожртвуваноста не го заслуживме тоа. ФМП е тим кој високо котира, и тоа ми дава право да го мислам ова што го мислам. Дека МЗТ Скопје Аеродром, може да се носи со секој. И тоа се мечеви на гостински терен, уште еден показател кој оди во прилог на она што го говорам“ – вели интернационалецот од Србија во таборот на Аеродромци, Страхиња Мицовиќ и додава.

„Олимпија неделава имаше тежок меч. Тоа нас ни оди во прилог. Ќе пробаме на свежина, на повеќе енергија. Тоа е тим кој игра брзо, во транзиција, тоа е нивното најсилно оружје. Според мене треба на ист начин да возвратиме. Да ги нападнеме. Да им трчаме во грб што се вели. МЗТ Скопје Аеродром, може и денеска и на секој друг меч во оваа конуренција“ – вели Мицовиќ за Спортмедиа.

Дуелот против Цедевита Олимпија стартува од 17:00 часот.

 

 

ПретходноВардар го демолираше Тетекс со 5:0!
СледноСупер деби на Шон Дајч: Евертон е “жив“, очајниот Арсенал падна на “Гудисон“! (ВИДЕО)