МЗТ Скопје денеска (17 часот) го пречекува тимот на Цедевита Олимпија во рамките на 18. коло во АБА-лига. Ова ќе биде нова шанса за актуелниот македонски првак да дојде до третата победа во јадранското друштво со која ќе се издигне и ќе почне да чекори кон опстанокот во ова натпреварување.
МЗТ Скопје зад себе го има поразот од Дерби и лошото издание, кое не смее да се повтори доколку кошаркарите на македонскиот тим сакаат да дојдат до триумф.
„Против нас ќе имаме екипа на Еврокупот, која е меѓу четирите најдобри во АБА и која е предводена од квалитетен тренер со континуитет во работата. Предводници се Ферел, Адамс и Омиќ, а важат за одлична шутерска екипа предводена од Јеремиќ. Цедевита Олимпија има фантастичен напаѓачки потенцијал и не случајно е темно таму каде што е. Нашиот здравствен билтен е далеку поповолен, а играчите се освежени, бидејќи неделава немаа натпревар, само тренираа. Очекувам енергијата да биде на максимално ниво, како на претходните неколку домашни натпревари, но не како на неодамнешниот дуел во СЦ Дерби. Само со таков пристап и игра ќе можеме да се надеваме на прифатлив резултат“, порача Николиќ.
Првата средба заврши со убедлива победа на Олимпија од 93-73.