Пријателска: Брегалница убедлива против Пелистер!

412

Во последниот пријателски меч и последниот ден од подготовките покрај Охридското езеро, Брегалница денеска во Струга со 3:1 успеа да го победи Пелистер во контролен натпревар.

Првиот дел заврши 1:1, стрелец на голот за штипските „сини“ беше Ѓорѓиев, а во второто полувреме четата на стратегиот Горан Здравков ја оправда улогата на фаворит против второлигашот од Битола и постигна два гола, преку Димитриевски и Андонов, за конечна победа од 3:1.

По овој меч експедицијата на Брегалница стави крај на подготовките во Охрид и до стартот на пролетниот дел од ПМФЛ, ќе се подготвува дома, во Штип.

ПретходноЦенхојсерн победи во Шамони, сензација на Гркот Џинис
СледноЧелзи го исфрли Обамејанг од списокот за Лигата на шампионите