Попладнево од 13 часот во Анталија две наши екипа одиграа пријателски средби. Силекс со 1:2 е поразен од Ресовија, тим од Полска. Силекс поведе во 5.минута со голот на Ристовски, додека составот на Ресовија направил пресврт со головите во 26. и 31.минута за конечни 1:2. Тренерот Горазд Михаилов и на овој меч комбинираше со составот, има даде шанса на повеќе свои играчи.
Второлигашот Беса од Добри Дол се сретна со Отелул Галати, тим од Романија и во по истекот на 90.минути, резултатот беше 0:0.