Реал Мадрид и Фламенго ги дознаат противниците на Светското клупско првенство

172

Европскиот првак Реал Мадрид и јужноамериканскиот шампион Фламенго ги дознаа ривалите на Светското клупско првенство. Тие на 8 февруари ќе ги играат своите натпревари. Реал Мадрид ќе се соочи со египетски Ал Ахли. Денеска африканскиот шампион го елиминита Сиетл Саундерс од САД со победата од 1:0 со гол на Афша во 88 минута.

Драматично беше на вториот полуфинален меч помеѓу домашниот Видад Казабланка и првакот на Азија Ал Хилал од Саудиска Арабија. Видат поведе во 52 минута со гол на Ел Амлуд, а изедначија гостите преку Кано од пенал во 94 минута.

Мечот отиде во пенал серија, а таму Ал Хилал победи со 5:3. Па така бразилски Фламенго во полуфиналето ќе се соочи со Ал Хилал.

ПретходноЗа шест минути се беше готово во Рим (видео)
СледноАтлетико со огромен кикс против претпоследната екипа (видео)