Добра вест за ракометарите на ГРК Охрид, навивачката група „Рибари“ официјално објави дека се враќа на натпреварите.
“Многу беше болно да се гледа како клубот губи поради нашето отсуство. А тоа е клубот на кој му ја дадовме младоста. Се враќаме само поради Охрид. Читајте добро, само поради Охрид, не поради Горан Андоноски. Борбата ја продолжуваме со наше масовно присуство во сала. Сега со гордост можеме да кажеме дека ГРК „Охрид“ повторно ја добива својата душа, а тоа сме ние – НГ „Рибари“ без која клубот не може да биде ист. Повеќе никој нема да може да си игра со клубот, бидејќи ние ќе сме тука да се спротивставиме на секоја неправда”, порачаа од навивачката група Рибари.
Тие треба да бидат на трибините за мечот против Вардар1961.