Унион Берлин пак на врвот, Борусија го „измести“ Фрајбург (ВИДЕО)

86

Во најновото 19. коло од германскиот Бундес шампионат, тимот на Унион Берлин и овојпат покажа дека не е случајно на самиот врв на табелата и е пред огромен успех сезонава.

На домашен терен против тимот на Маинц е извојувана победа од 2:1, и тоа потешко од очекувањата. Бехренс погоди за водство во 32. минута за домаќините, а Ингвартсен од пенал израмни во 79. минута. Сепак, американецот Џордан Сиебачеу е херојот на Унион кој погоди во 84. минута и донесе злато вредни бодови за прво место.

Од друга страна пак, тимот на Борусија Дортмунд со 5:1 го уништи тимот на Фрајбург кој по само петнаесетина минути од мечот остана со играч помалку. Потоа се беше јасно. Шлотемберг, Адејеми, Халер, Бранд и Рејна погодија за домашните, а Холер само за момент донесе надеж за Фрајбург дека може нешто да стори откако израмни на 1:1.

 

Ајнтрахт ја турна Херта уште подолу во амбисот сезонава, токако ја совлада со 2:0,  а голеада имаше во Бохум каде што домаќинот го совлада Хифенхајм со 5:2.

 

Резултати:

Келн – РБ Лајпциг 0:0

Бохум – Хифенхајм 5:2

Борусија Д. – Фрајбург 5:1

Ајнтрахт – Херта 3:0

Унион Берлин – Маинц 2:1

ПретходноСара Ристовска не застанува, со нова перфекција!
СледноБојан момче ти си ЦАР…. Миовски двоен стрелец за Абердин и нова победа (ВИДЕО)