Сензација на денешната трка во алпско скијање во Шамони: Еј-Џеј Јанис е првиот грчки скијач кој се искачил на подиумот, а тој направи неверојатен подвиг со тоа што по првата трка беше 23-ти, а во втората се искачи на втората позиција.
Само Рамон Ценхојзен (1:42.94) беше побрз од Гркот со што се изкачи на првото место. За швајцарскиот скијач ова е прв триумф во СК после три години. Тој имаше триумф во Алта Бадија во 21 декември во слаломот, а денеска исто така победи слаломот. Сезонава има и второ место во Шладминг исто така во слаломска трка.
Трет заврши Швајцарецот Даниел Јуле.
Сега СК ќе биде ставен на пауза затоа што од 7 февруари до 19 фебруари ќе се одржи Светското првенство во француски Куршевел.