Швајцарскиот скијач Рамон Ценхојсерн е победник на денешниот слалом од Светскиот куп кој се возеше во француски Шамони, што практично и беше последната трка во Светскиот куп пред Светското првенство во алпско скијање кое започнува на 6 февруари.
Ценхојсерн славеше со 1,02 секунди предност пред најголемото изненадување на трката, Гркот Еј Џеј Џинис, кој со стартен број 45 на крајот дојде до втората позиција.
Третото место му припадна на Даниел Јуле од Швајцарија со задоцнување од 1,06 секунди.