Челзи вчера го објави списокот на фудбалери со кои ќе игра во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а тренерот Греам Потер ги шокираше сите бидејќи од списокот за натпреварите од најсилното натпреварување го изостави Пјер-Емерик Обамејанг, кој не можеше да поверува на одлуката.
Потер реши во листата да додаде нови засилувања, па Челзи во ЛШ ќе бид епосилен за Жоао Феликс, Енцо Фернандез и Михаило Мудрик, но најголемото изненадување беше тоа што Обамејанг не е на списокот.
Обамејанг летово пристигна како големо засилување од Барселона на инсистирање на Томас Тухел, но кога германскиот стручњак доби отказ, престојот на Габонецот на Стемфорд Бриџ се претвори во кошмар.