Челзи му ветил на Леао дека ќе му го плати долгот кон Спортинг ако дојде во Лондон

680

Фудбалерот на Милан Рафаел Леао добил гаранција од Челзи дека доколку избере да се пресели во Лондон, 18-те милиони евра што Португалецот му ги должи на Спортинг Лисабон во целост ќе ги покрие англискиот клуб. Ѕвездата на Милан моментално преговара за нов договор со „росонерите“, но веќе половина година не е постигнат договор.

Причината е што Леао му должи сериозна сума како „пенали“ на Спортинг, а Милан не сака да ги преземе овие долгови. Леао на својот поранешен клуб Спортинг треба да му плати 18 милиони, поради раскинување на договорот со клубот.

Договорот на Леао со Милан истекува во 2024 година, но голема е веројатноста тој да замине во Лондон веќе ова лето. Според „Ла Стампа“, Челзи му ветила на Португалецот дека ќе ја покрие сумата кон Спортинг, доколку тој се пресели во клубот од Западен Лондон.

ПретходноВетерот го однесе до црната точка: Словенецот Зајц „летна“ до 161,5 метар (ВИДЕО)
СледноЦенхојсерн победи во Шамони, сензација на Гркот Џинис