Јунајтед минимално против Кристал Палас, Вулверхемптон си поигруваше со Ливерпул (ВИДЕО)

109

Екипата на Манчестер Јунајтед на потешкиот начин дојде до победата на домашен терен над тимот на Кристал Палас, иако се очекуваше рутина денеска на Олд Трафорд.
Јунајтед стигна до водство преку пеналот на Бруно Фернандеш во седмата минута, а потоа Рашфорд зголеми на 2:0 во вториот дел. Касемиро ги искомплицира нештата добивајќи црвен картон, а потоа и Шлуп намали на 2:1. Сепак, Кристал Палас немаше сила за нешто повеќе.

Затоа пак, сета своја сила ја покажа тимот на Вулверхемптон кој на домашен терен го уништи Ливерпул со 3:0. Автогол на Матип и погодокот на Досон по само 12 минути игра дадоа насока на овој дуел, а Невес во 71. минута ги постигна конечните 3:0.

Резултати:

Астон Вила – Лестер 2:4

Брендфрд – Саутемптон 3:0

Брајнтон – Борнмут 1:0

Манчестер Јунајтед – Кристал Палас 2:1

Вулверхемптон – Ливерпул 3:0

ПретходноБојан момче ти си ЦАР…. Миовски двоен стрелец за Абердин и нова победа (ВИДЕО)
СледноШкупи поразен од романска Конкордија