Ветерот го однесе до црната точка: Словенецот Зајц „летна“ до 161,5 метар (ВИДЕО)

41800

Викендов германски Вилинген е домаќин на ски скокачите во нови две поединечни натпреварувања од Светскот куп. Но, вчера на истото ова место требаше да се одржи тимскиот натпревар кој поради проблеми со ветерот беше прекинат по само една серија.

Доказ за опасноста која ги „демнеше“ натпреварувачите е и неверојатниот скок на словенечкиот ски скокач, Тими Зајц, кој понесен од силниот ветар слета на неверојатни 161,5 метар, по што едвај се спаси од сериозни повреди.

Рекордот во ски скокови кај мажите е 153 метри, сопственост на Полјакот Клеменс Муранка, па овој скок на Зајц ги помина сите граници.

ПретходноКапитенот Митрашиновиќ се враќа во репрезентацијата за следните два меча
СледноЧелзи му ветил на Леао дека ќе му го плати долгот кон Спортинг ако дојде во Лондон