Лидерот во генералниот пласман Халвор Егнер Гранеруд победи на денешните ски скокови што се одржаа во германски Вилинген во рамките на Светскиот куп. За него ова е деветта победа, а трета по ред вклучувајќи ги и трите победи на Новогодишната турнеја.
Норвежанецот имаше скокови од 149,5 метри и 138 метри што беше доволно за прво место. Втор заврши Словенецот Анже Ланишек, а трет Полјакот Давид Кубацки.
Рековме ова е деветти триумф сезонава на Гранеруд, 11-ти пат по ред застанува на подиумот со што застана трет на листата на најмногу подиуми по ред во историјата по Јане Ахонен (13) и Петер Превц (12).
Утре повторно се скока во Вилинген и ете шанса Норвежанецот да се изедначи со Превц.
Во генералниот пласман Гранеруд е лидер со 1416 поени со 152 поени предност во однос на вториот Кубацки.