Во Серија А годинава се случуваа чудни работи. Јувентус е клуб кој е казнет со -15 бодови, му се заканува и дополнителна казна од -20 бодови. Наполи би можел исто така да биде казнет со одземање на бодови поради трансферот на Осимен. Сампдорија секако ќе биде казнета ако се знае дека финансиски овој клуб е катастрофа, има најави за уште некои клубови кои ќе бидат казнети.
Па, така фановите во Италија се шегуваат дека каква им е елитната лига сезонава можно е дури и Монца на Силвио Берлускони на крајот да заврши како шампион.
А тој за тамошните медиуми истакна дека е задоволен од тоа како игра неговиот тим и дека во наредните сезони Монца ќе атакува на титулата во Серија А.
Екс премиерот на Италија, пребогагатиот Силвио знае како се освојуваат титули. Тој е човекот кој пред три децении го направи Милан, тогаш, најдобриот тим во светот.