Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот во Монастир. Во полуфиналето против Италијанецот Јанаконе, Ивановски загуби во два сета (6:2, 6:4) иако почна солидно до 2:2 во гејмови, но откако го загуби првиот гејм на свој сервис, Италијанецот стигна експресно до 6:2.
Во вториот сет Јанаконе, кој беше седми носител, продолжи одлично. Успеа брзо да направи предност од 5:2, по што следуваа два гејма во полза на нашиот тенисер, но тоа не беше доволно за кам-бек. Јанаконе се избори за гејм на свој сервис и успеа да го затвори мечот со 6:4.
Ивановски минатата недела на истата локација беше поразен во финалето.