Со три убедливи победи стартуваше 14 коло во Првата лига. Првото „дерби“ за ова коло не ги исполни очекувањата, а за тоа е „виновен“ ТФТ, на домашен терен демонстрираше сила против Гостивар го совлада со 91-77 убедливи и го запиша деветиот триумф оваа сезона, влезе во рамношравна битка за третото место на табелата.
Домаќинот пред крајот на првата четвртина го урна отпорот на противникот, поведе со 22-18, а веќе во следниот период само ја зголемуваше позитива која изнесуваше и плус 14 (45-31 и 48-34). Ништо не се промени ниту во третата четвртина, а на стартот на последниот период ТФТ имаше високи плус 25 (78-53), недостижни за гостиварци.
На останатите две средби, Еуро Никел продолжи во победнички стил, го совлада Чаир на домашен терен со 80-66.
Лесна победа, исто пред своите фанови извојува Кожув, славеше со 94-76 против Куманово. Двајца кошаркари кај гевгеличани беа лидери, Гордон со 31 поен и 13 асистенции, и Ризвиќ со 20 поени и 11 скока.