Во најновото 19. коло од германскиот Бундес шампионат, тимот на Унион Берлин и овојпат покажа дека не е случајно на самиот врв на табелата и е пред огромен успех сезонава.
На домашен терен против тимот на Маинц е извојувана победа од 2:1, и тоа потешко од очекувањата. Бехренс погоди за водство во 32. минута за домаќините, а Ингвартсен од пенал израмни во 79. минута. Сепак, американецот Џордан Сиебачеу е херојот на Унион кој погоди во 84. минута и донесе злато вредни бодови за прво место.
Од друга страна пак, тимот на Борусија Дортмунд со 5:1 го уништи тимот на Фрајбург кој по само петнаесетина минути од мечот остана со играч помалку. Потоа се беше јасно. Шлотемберг, Адејеми, Халер, Бранд и Рејна погодија за домашните, а Холер само за момент донесе надеж за Фрајбург дека може нешто да стори откако израмни на 1:1.
Ајнтрахт ја турна Херта уште подолу во амбисот сезонава, токако ја совлада со 2:0, а голеада имаше во Бохум каде што домаќинот го совлада Хифенхајм со 5:2.
Резултати:
Келн – РБ Лајпциг 0:0
Бохум – Хифенхајм 5:2
Борусија Д. – Фрајбург 5:1
Ајнтрахт – Херта 3:0
Унион Берлин – Маинц 2:1