Хаос за време на дуелот меѓу Орландо и Минесота. Дојде до физичка пресметка меѓу Остин Риверс и Мо Бамба. После шутот за три поени и промашувањето на Риверс, Бамба дофрли нешто од клупа и настана вистински хаос.
AUSTIN RIVERS AND MO BAMBA GET INTO IT 🤯 pic.twitter.com/kUFYXgPvI5
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 4, 2023
Заиграа и боксови, Риверс го удри Бамба, па се вмешаа играчите и дојде до вистински хаос. На теренот се вмешаа играчите од клупа и судиите, на кои пак им беше потребно многу време за да ја расчистат целата ситуација. На крајот дури петмина кошаркари беа испратени во соблекувалната. Покрај двајцата иницијатори, МекДаниелс, Сагс и Принс.
„Му пријдов и го прашав што прави, во тие моменти работите можеа да одат во два правици, не мислев дека ќе дојде до тепачка. Сепак кога ќе станеш од клупа толку брзо и ја подигнеш така..Се обиде да ме удри, на голема среќа ме промаши, но морав да се заштитам“, порача Риверс по мечот.
Austin Rivers and Mo Bamba got into an altercation on the court.
Five players were ejected from the game. pic.twitter.com/TbhF9JV5xa
— SportsCenter (@SportsCenter) February 4, 2023
Овој меч заврши со победа на Орландо од 120-127, но резултатот на крајот беше во заден план.
Резултати: Детроит – Шарлот 118-112, Индијана – Сакраменто 107-104, Вашингтон – Портланд 116-124, Бостон – Феникс 94-106, Хјустон – Торонто 111-117, Минесота – Орландо 120-127, Сан Антонио – Филаделфија 125-137, Јута – Атланта 108-115.