Њукасл пред неколку дена го купи за 45 милиони евра, сега му се заканува затвор!

877

Њукасл пред неколку дена објави дека успеал за 45 милиони евра да го купи мега – талентот на Евертон, Ентони Гордон. До тука се е во ред, но тој Гордон по се изгледа дека ќе „заглави“ во затвор. Имено тој го возел својот автомобил иако сеуште нема возачка дозвола, односно истата му била одземена поради некои поранешни прекршоци.

Сега е виден како го управува своето возило. Информациите од Островот велат дека полицијата веќе покренала истрага и ако успее да докаже дека Гордон направил прекршок големото засилување на Њукасл ќе оди во затвор.

За ваков вид на прекршок во В. Британија законот е многу строг.

ПретходноЕспањол и Осасуна одиграа без победник!
СледноБлескаво издание на лидерот: Струга ТЛ со 3:0 го “уништи“ Петрокуб, еврогол на Кочоски!