А, кој друг ако не Бојан Миовски. Иако Абердин и не е во којзнае каква форма, тука е Македонецот кој се покажа дека е вистинско богатство на овој славен шкотски клуб. Вчера протов Мотервел за пет минути “стегна“ два гола и му донесе победа на својот тим од 3:1.
Токму затоа беше прогласен за играч на мечот, а со тие два гола сега Бојан со 14 голови сезонава е на третата позицијата на листата на стрелци во елитната лига на Шкотска. Се разбира дека има шанси уште да напредува, и тоа ќе го прави секако.
Не е тајна дека сите во Абердин, а посебно фановите на клубот се воодушевени од Бојан. Понудите за трансфер се тука, јавна тајна е дека Абердин нејќе да чуе да го пушти под 5 милиони евра, а тоа е десетпати повеќе од цената со која го купи Македонецот.
Ете, затоа Бојан Миовски е богатството на Абердин.