Рекорден број на фаули врз Винисиус, Мајорка на чело по број на прекршоци

158

Дури десет прекршоци само врз Винисиус Јуниор направиле фудбалерите на Мајорка на натпревар против Реал Мадрид од Ла Лига, покажува статистиката. Вкупно, домаќините направија 29 прекршоци на натпреварот, што е рекорд во шпанската елита од ноември 2020 година.

Овие 10 прекршоци против Вини се врзани за рекорд за најмногу фаулиран фудбалер во историјата на Реал Мадрид во изминатите 17 години, откако се води ваква детална статистика, пишува „Опта“.

До пред овој меч само Иско 10 пати бил фаулиран на еден натпревар – во дебито за Реал во 2013 година против Бетис. Рекордот во Ла Лига го држи Густаво Лопез (Селта), кој во 2007 година бил фаулиран 12 пати на еден натпревар.

ПретходноДавитков стартуваше со пораз од Феникс!
СледноИнтер пак го преслуша Милан и е главен во градот на модата (видео)