Супер трансфер во НБА: Ирвинг го засили Далас!

222

Кајри Ирвинг го напушта Бруклин нетс и се сели кај Лука Дончиќ во Далас маверикс. Се работи за трејд во кој Далас го добива Ирвинг, а на Бруклин и ги испраќа Дориан Фини-Смит и Спенсер Динвиди, како и првиот пик на НБА драфтот во 2029 година и уште неколку пикови од втората рунда, пренесува угледниот новинар Андријан Војнаровски.

Плејмејкерот сезонава одигра 40 натпревари во НБА лигата со просек од 27.1 поен,  5.1 скок и 5.3 асистенции по меч. Минатата сезона затоа што одби да се вакцинира одигра само 33 меча.

ПретходноГранеруд со двоен триумф во Вилинген
СледноДавитков стартуваше со пораз од Феникс!