По лошиот почеток на 2023 година со три нерешени средби во Бундеслигата, Баерн (М) полека влезе во погон. На денешното гостување кај Волфсбург, баварците дојдоа до победа од 4:2, во меч кој беше решен уште на самиот почеток.
Избраниците на Јулијан Нагелсман ја демонстрираа својата сила во Волфсбург и го победија домашниот тим по само 19 минути игра. Коман со два гола во 9’ и 14’ и Милер со гол во 19’ на гостите им обезбедија брзо водство од 3:0.
Волфсбург намали преку Камински во финишот на првиот дел и на пауза се отиде со конечни 1:3.
Во вториот дел иако Кимих доби црвен картон, Баерн успеа да погоди преку Мусиала (73’) за 1:4, за конечните 2:4 да ги постави Сванберг во 81’.
Standings provided by Sofascore