Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд со двоен триумф ги затвори ски-скоковите во Вилинген, Германија. Норвежанецот собра 273 поени со скокови од 147,5 метри и 142 метри, па го победи Рују Кобајаши кој заврши втор со 252,3 поени, а трет беше Даниел Андре Танде со 249,2 поени.
Ова е четврта победа по ред на Гранеруд, а деветта сезонава.
Тој води во генералниот пласман со 1516 поени, а втор е Давид Кубацки со 1278 поени. Денеска Кубацки имаше лош настап и заврши на седумнаесеттото место.