Македонскиот репрезентативец во таекводно, Дејан Георгиевски на Президент купот кој во моментов се одржува во Истанбул, Турција, обезбеди пласман во полуфиналето и авотматски и осигура еден од медалите на ова престижно натпреварување.
Дејан за пласман меѓу четирите најдобри во својата категорија го совлада домашниот преставник Демирчиоглу со 2:0 (6:4, 6:2).
Во следната рунда, Георгиевски ќе се сретне со својот стар познаник Сисе, со кого има нерасчистени сметки и кого е време конечно да го победи.